На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото)
- Детали
- сабота, 12 ноември 2022
„Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила четирипати. Никогаш не ги заменувам старите работи со нови. На некои стари работи сум направила преправки, па сум ги претворила во нови, а на тоа сум додала нешто ново, но не сум ги фрлила...“, споделува за CRNOBELO.com Валентина Ѓорѓиоска (50), која живее во Прилеп во населбата „Димо Наредникот“.
Валентина Ѓорѓиоска (50) , мајка на Тадеј (16) и Теа (29 ) и баба на Неа (3), работи како како мејкап стилист во фризерско-козметичко студио и живее во Прилеп во населбата „Димо Наредникот“ во стан од 89m2 на 5-ти кат.
Нејзиниот дом е одраз на нејзиниот карактер и полн е со креативни детали, дел од кои се и нејзина изработка.
За уредувањето на нејзиниот дом Валентина открива за CRNOBELO.com:
„Идеите за внатрешно уредување сум ги имала отсекогаш и мислам дека чувството за естетика сум го наследила од мојот татко.
Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила четирипати.
Никогаш не ги заменувам старите работи со нови.
На некои стари работи сум направила преправки, па сум ги претворила во нови, а на тоа сум додала нешто ново.
Никогаш не сум сакала домот да изгледа како музеј, туку да се чувствува една топлина и позитивна енергија.
Освен тоа што внатрешното уредување е моја пасија, исто така рачно дообработувам обувки со украси и ги правам необични.