Ресторан на хрватскиот остров Хвар во кој дрвените лулашки се омилено место за фотки
- Детали
- недела, 17 јули 2022
Порција морски плодови со чаша студено бело вино во ваква атмосфера, звучи како одлична идеја, зарем не? Дали Хрватска ви е опција за одмор ова лето?
Во гратчето Милна на хрватскиот остров Хвар во близина на плажа се наоѓа ресторанот „Notos Beach House“ во чие уредување се користени природни материјали, како што е дрвото.
Со светли тонови и контраст со помош на црната боја, овој ресторан е совршено место за релаксација, но и фотки.
На инстаграмџиките омилени им се дрвените лулашки.
Сопствениците на овој локал имаат патувано низ цел свет, а инспирацијата за уредувањето им е од Ибица, Миконос и Тулум во Мексико.
Коктел или оброк со морски плодови во оваа елегантна, но и релаксирачка атмосфера дефинитивно е одлична идеја.
Почувствувајте ја атмосферата:
https://www.instagram.com/p/CStezqOswkm/