На гости кај Бети во Швајцарија: Дом на Македонка со соба гардеробер (фото)
Некои од сликите ги сликав сама. Исто така, со мала помош, го направив и дрвениот елемент на ѕидот позади кој се наоѓаат сите електрични инсталации.
Многу често менувам и елементи од мебелот. Сакам да експериментирам, но не следам слепо трендови.
Бидејќи живеам поприлично динамичен живот и имам многу обврски постојано со работата и инстаграм блогот (@lifeofbeti), најбитно ми е домот да ми делува смирувачки.
Текстурите и материјалите се еден од најважните елементи на добивање простор кој делува „cozy“ (пријатно).
Удобни и меки теписи, светли завеси, прекривки, постелнина со добар квалитет се некои од елементите во кои ми беше многу важно да вложам. Пополнувањето на нашите домови со предмети што нè повикуваат да ги допреме е интуитивна реакција на желбата за удобност.