На гости кај Бети во Швајцарија: Дом на Македонка со соба гардеробер (фото)
- Детали
- сабота, 07 мај 2022
„Живеам сама, со моите две мачиња. Станот има 2 спални соби од кои едната ми е уредена како гардеробер со дел за шминкање. Во таа соба ми беше битно да имам и гостински кауч на пуштање, кој не зафаќа голем простор и се користи само по потреба“, вели Бети Стојанова (29), архитект, која повеќе од 6 години живее во Базел.
Бети Стојанова (29), архитект, по потекло од Виница, веќе 6 години живее во Швајцарија во трособен стан од 75m2 во градот Базел.
Станот е хармонично уреден, а од двете спалните Бети одлучила едната да ја пренамени во гардеробер. Во сите простории доминираат неутралните бои.
За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO.com:
„Станот се наоѓа на 4-ти кат и поради тоа има убав планински поглед од височина.
Живеам сама, со моите две мачиња. Станот има 2 спални соби од кои едната ми е уредена како гардеробер со дел за шминкање.
Во таа соба ми беше важно да имам и гостински кауч на пуштање, кој не зафаќа голем простор и се користи само по потреба.
Станот е со исток-запад ориентација, па е светол скоро во текот на целиот ден.
Сонцето наутро е присутно во спалната соба, а попладне во дневниот простор и балконот.
Во поглед на уредувањето, најмногу преовладуваат неутралните бои како сива и крем со примеси на пастелно зелена.
Бидејќи сум архитект по професија, често сакам и да правам DIY (направи сам) проекти за ентериерот.