На гости кај Теодора: Модерен и луксузен стан во Охрид од 130m2 со доминација на темните тонови (фото)
Омилени детали ми се малите масички, украсите кои често ги менувам според сезоната или празниците.
Најизразен детаљ се вградените светла во ходникот (воедно единствено место во станот без природен извор на светлина и често користен за Инстаграм фотки).
Го обожавам и катчето за разубавување каде поминувам извесен дел од времето секојдневно и делот од дневната соба каде што знам да се опуштам со добра книга и шолја чај.
Омилен делови и она што ми беше најпотребно е „walk-in“ гардероберот, кој е и најискористен и посетуван дел од станот и функционален, практичен и среден, како што му прилега на перфекционист како мене.
Несомнено од денешен аспект тоа се смени бидејќи штотуку завршивме со уредување на собата на нашите синчиња и можам да кажам дека токму тоа беше најголемото задоволство.
Освен што сум перфекционист јас сум жена која ужива во своето утринско кафе, па затоа терасата од пролет, па сè до доцна есен е омилен и најпосетуван дел во којшто можам да уживам и да ги полнам батериите за да го започнам денот на вистински начин.
Неизбежен дел се лулашката и цвеќињата.
Во кујната се држевме до минимализам.“