На гости кај Теодора: Модерен и луксузен стан во Охрид од 130m2 со доминација на темните тонови (фото)
- Детали
- сабота, 23 април 2022
„Со сопругот бевме подеднакво и максимално инволвирани во средувањето, со тоа што негова целосна посветеност имаше гостинскиот тоалет, каде е внимавано на секој детаљ, како и на целата паметна технологија во станот. Мене омилен ми е „walk-in“ гардероберот, кој е функционален, практичен и среден, како што му прилега на перфекционист како мене“, открива Tеодора Таневска Кочовска (27) од Охрид за CRNOBELO.com.
Tеодора Таневска Кочовска (27) од Охрид, која е дипломиран правник, специјалист по деловна економија во областа Бизнис менаџмент и работи како менаџер во хотел на oхридската ривиера, живее во стан од 130m2 со својот сопруг Антонио, со кого се во исчекување на синчињата близнаци.
Во станот доминираат темните тонови и низ целиот ентериер доминира нота на елеганција и луксуз.
За уредувањето на станот Теодороа открива за CRNOBELO.com:
„Живееме во стан со ориентација југоисток/југозапад со поглед кон стариот дел на градот.
Приказната за нашиот дом започна пред 3 години, непосредно пред нашата свадба, каде што желбата за удобност, топлина и луксуз беше водилка кон креирањето на идеалниот дом.
Во станот преовладува најмногу сивата, како и златно/бронзената нијанса.
Имавме минималистички пристап кон работите со доза комфорт и топлина и тоа беше зачеток на уредувањето. Спој на различни материјали, како на модерното, така и на класиката.
Дневниот престој е местото во кое поминуваме најголем дел од денот, а она што го прави специфичен е ѕидот на средина, кој ги дели дневната и трпезаријата и во кој има вграден камин.
Идејата за домот ја црпевме претежно од тоа што беше актуелно и модерно, од фотографии од Инстаграм, како и од Италија.
Но, сепак најважна ни беше удобноста и функционалноста со примена на технологијата.
Перфекционост сум по природа така што секоја работа во домот си има свое место. Цвеќињата ми се слабост, а обожавам и мирисливи свеќи, па нив може да ги забележите во скоро секоја соба.
Со сопругот бевме подеднакво и максимално инволвирани во средувањето, со тоа што негова целосна посветеност имаше гостинскиот тоалет, каде е внимавано на секој детаљ, како и на целата паметна технологија во станот.