На гости кај Катерина: Новогодишно украсен дом во Скопје, со елка стара 20 години (фото)
- Детали
- сабота, 08 јануари 2022
„Празниците ми се омилени бидејќи ми будат убави спомени и ме навраќаат во детството. Елката, новогодишните украси и божиќните песни ми даваат чувство на топлина и буквално не ми се излегува од домот поради убавиот амбиент“, раскажува Катерина Павловска (31) за CRNOBELO.com.
Катерина Павловска (31), по професија маркетинг менаџер, родена е во Хамбург, Германија, а живее во семејна куќа во Скопје.
Живее во куќата во која израснала со нејзиното семејство, но од пред неколку години во неа живее сама со својот сопруг и нивното маче Мици.
Таа комплетно ја реновирала куќата во која израснала, а омилен дел од годината и се новогодишните и божиќните празници, па по тој повод нејзиниот дом изгледа како сцена од празнична бајка.
За љубовта кон китењето на својот дом Катерина открива за CRNOBELO.com:
„Божиќните и новогодишните празници ми се омилени бидејќи ми будат убави спомени и ме навраќаат во детството.
Елката, новогодишните украси и божиќните песни ми даваат чувство на топлина и буквално не ми се излегува од домот поради убавиот амбиент.
Бидејќи сум голем љубител на ентериерот и декорирањето, секогаш следам и се инспирирам претежно од страната Pinterest.
Обожавам хартиени светлечки ѕвезди, тие ме потсеќаат на патувањата во Германија. Голем љубител сум на лед свеќи и лед сијалички.
Со китење најчесто започнувам на 01.12. и се одвива во повеќе фази.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





