Хотели низ светот кои се особено популарни за фотки на Инстаграм (фото)
- Детали
- сабота, 04 јуни 2022
Светот изобилува со толку многу прекрасни локации за одмор од кои ни застанува здивот. Сепак, славните и инстаграмџиите имаат неколку омилени локации кои се издвојуваат од познатиот хотелски шаблон.
Тоа се места кои носат многу историја во себе или пак нудат толку неверојатен поглед како совршен спој на небо, ѕвезди и пустина.
Погледнете ги следните 7 хотели кои се особено популарни за фоткање на популарната социјална мрежа:
Il Pellicano
Некогашната приватна вила која ѝ припаѓала на американска наследничка, Il Pellicano станал хотел во средината на 60-тите години. Лоциран е на карпестиот брег на Тоскана во Италија.
Amangiri
Amangiri е хотел во пустина во Јута. Опколен со див пејзаж во висорамнината Колорадо, ова е хотел дизајниран за приватност – една од многуте причини поради коишто им стана омилено место за изолација на туристите.
Colombe D’Or
Скриен во ридовите над францускиот азурен бисер Ница, шармантно рустикалниот Colombe D’Or може да се пофали со една од најспектакуларните уметнички колекции во светот.
Основан од локален фармер во 20-тите години, како гостилница со три соби, хотелот станал засолниште за креативците по Втората светска војна.
Le Sirenuse
Le Sirenuse на почетокот бил летна куќа на аристократско, неаполско семејство на брегот на Амалфи.
Подоцна, четири браќа и сестри го претвориле во интимен хотел со најславните глетки на Позитано што може да се замислат во 1951.
Hotel Du Cap-Eden-Roc
Големата дама на француската ривиера оваа година ја слави својата 150-годишнина. Досега привремено ги вдомила гостите како Џон Кенеди, Марлен Дитрих, Орсон Велс, па сè до војвотката од Виндзор.
Hotel Esencia
Првично дом на италијанска војвотка, овој ексклузивен хотел е опколен со дивата џунгла Јукатан (Мексико) и излегува на брегот на чистата плажа Ксу-Ха, каде што морските желки се појавуваат секоја година на брегот за да ги положат своите јајца.
Borgo Egnazia
Изграден целосно од варовник од крем и „златен“ туф, огромниот имот Borgo Egnazia (Италија) вклучува полиња со мирис на лаванда, огромен „градски“ плоштад за одржување на прослави (честопати осветлен ноќе со оган) и покриви „послани“ со сонце од кои можете да го набљудувате Јадранот во далечина.
Ова е една од омилените дестинации за одмор на Бекамови.
(О)Милена | Црнобело