Во домот на Ангелина: Раскошна куќа во Дојран со совршен гардеробер (фото)
- Детали
- сабота, 10 јули 2021
Ангелина Митаноски од Нов Дојран во својот дом го има гардероберот од соништата, но вели дека со сопругот најмногу уживаат кога го минуваат времето во дворот со пријателите гледајќи филмови на Нетфликс, додека факели и свеќи им го осветлуваат дворот.
Ангелина Митаноски (32), по професија забен техничар, живее во семејна куќа во Нов Дојран со сопругот и нивното синче.
Во нејзиниот дом преовладува белата боја и крем нијансите и сè изгледа како една совршена целина.
За уредувањето на домот Ангелина открива за CRNOBELO.com:
„Кога започнавме со внатрешно уредување на домот, односно дизајнирање на ентериерот знаевме дека истиот мора да го направиме совршен по наша мерка.
Речиси и да немаше потреба да правиме компромиси затоа што желбите за секое катче од куќата ни се поклопуваа.
Создадовме идилично место за нас, за нашите потреби како семејство.
Многумина сè уште се воодушевуваат кога ќе кажеме дека целосниот дизајн на ентериерот е осмислен од мене и сопругот, иако по професија ниту еден од нас не е дизајнер.