Енергичен двособен стан дизајниран само за млади
- Детали
- вторник, 13 јануари 2015
Самостојниот живот не е за секој, но оние кои го обожаваат се трудат да создадат простор идеален за нивните потреби.
Во овој стан од 47 метри квадратни, дизајнерите создале совршено пријатен простор за сите активности на еден млад самец.
Од малата трпезарија, до удобниот тросед за мирен сон, секое ќоше е паметно искористено. Токму затоа просторот изгледа многу поголем отколку што навистина е.
Дневната соба и кујната се во еден простор кој е поврзан со сончевата трпезарија.
Палетата на бои е енергична, со жолти и лимета зелени тонови кои одлично ја разбиваат монотонијата на дрвото, сивиот двосед и неутралните ѕидови.
Создадено за секој самец кој сака мирно и удобно секојдневие...