Ова е најскапата вила во Беверли Хилс (видео)
- Детали
- среда, 24 декември 2014
Вилата со 8 спални соби, 15 бањи, кино со 24 седишта, фонтана која може да се контролира со помош на Ајпад, соба со слатки и колачи, барови за вотка и текила и вински подрум кој се простира на 2136 квадратни метри од неодамна е во сопственост на Маркус Персон, творецот на играта Minecraft.
Луксузната градба е најскапа во Беверли Хилс, а за нејзино купување биле заинтересирани дури и Бијонсе и Џеј Зи. Сепак, шведскиот програмер понудил најмногу.
Инаку, продавачите на почетокот за оваа луксузна вила барале 85 милиони долари, иако на крајот постигнале договор за конечната цена да биде 70 милиони долари.
Во секоја просторија се избрани најскапите и најлуксузните детали, а целата вила е уредена со сè што е потребно и повеќе од тоа за целосно уживање.
Погледнете ја внатрешноста на оваа раскошна вила:
Кратка видео прошетка: