Вака изгледа палатата на Бил Гејтс вредна 123 милиони долари
- Детали
- вторник, 11 ноември 2014
Со богатство кое е проценето на 81,5 милијарди долари, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс веќе долги години е убедливо најбогатиот човек во Америка. Затоа не е ни чудо што живее во палата која се градела 7 години и чини 123 милиони долари.
Куќата зафаќа површина од 6.130 метри квадратни и е преполна со најнова технологија.
Зошто е толку скапа и екстравагантна?
Бил го купил земјиштето во 1988 година за „само“ 2 милиони долари. Од оваа година целата куќа чини 123 милиони долари, а Бил плаќа данок од само 1 милион годишно.
Системот на сензори ги задоволува желбите на сите кои престојуваат во палатата. Уште на самиот влез се мести температурата и осветлувањето, па како што човекот се движи, така атмосферата се прилагодува на барањата.
Секаде во куќата се наоѓаат компјутерски монитори вредни 80.000 долари. Со само едно притискање целите монитори може да се трансформираат во тапети со омилените слики и фотографии.
Базенот кој е долг 18 метри е сместен во посебен објект. Опремен е со подводен звучен систем, отворен и затворен дел кој се спојува со езерото во близина на имотот.
Во домот на Бил Гејтс има и посебна соба за трамбулини и плафон висок 6 метри. Освен тоа, во овој дел од куќата се наоѓа сауна, парна бања и теретана.
Гејтс има на располагање 24 бањи, од кои 10 со огромни џакузи кади. Покрај тоа, тука спаѓаат 6-те кујни кои се наоѓаат во различни делови од куќата, а во гаражата има простор за точно 23 автомобили.
Постои и огромна библиотека од 200 квадрати која има заоблен плафон и 2 тајни полици, од кои едната се претвора во бар. На таванот се наоѓа цитат од книгата Големиот Гетсби.
Во дворот на оваа куќа има едно дрво кое е под надзор 24 часа. Тоа важи за омиленото дрво на Бил кое е старо 40 години, па токму затоа има компјутер кој го надгледува постојано и ја регулира влажноста на земјата.
Во дворот исто така е направен и вештачки поток во кој се размножуваат лососи и пастрмки.
Песокот кој се наоѓа пред палатата на Бил Гејтс е донесен од Кариби, специјално по негово барање.