Планинската оаза на Хали Бери (фото)
- Детали
- понеделник, 25 ноември 2013
Чудесната планинска вила во Канада на американската актерка Хали Бери моментално е на продажба, а идниот сопственик за неа ќе треба да одвои речиси 2 милиони долари.
Прекрасната оскаровка ја купила оваа куќа пред точно 5 години за 1 милион долари и во неа од време-на време го пронаоѓала својот мир од холивудската врева.
Изградена е во 1998 година, а се наоѓа во самото срце на Канада, опкружена со прекрасно зеленило и кристално чисто езеро.
Се простира на повеќе од 230 метри квадратни, а освен пространата дневна соба и богато опремената кујна, вилата поседува 3 спални соби, 2 бањи и неколку романтични камини.
Во фото-галеријата откријте ја убавината на скриената оаза на Хали Бери:
Би можело да ве интересира:





