На гости кај пејачката Мими Јовановска: Куќа во Скопје со бел ентериер и соба гардеробер (фото)

Срцето на нашиот дом е отворениот простор на дневната соба. Дневниот простор е опремен со аголна гарнитура во букле материјал, ТВ комода од резбан медијапан со застаклен рафт од страна и монолитна кафе масичка како центар на просторот.

Дневната соба има прекрасен прозорец од под до таван и лизгачка врата кои нè поврзуваат со надворешноста. Овој дизајн максимално ја користи природната светлина и обезбедува беспрекорен премин во нашиот двор, идеален за игра на Никола.

na-gosti-kaj-pejachkata-mimi-jovanovska-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-belata-boja-i-soba-garderober-foto-05.jpg

Нашиот двор, веќе е опремен со мебел, но ќе почекаме да го уживаме во потоплите месеци.

na-gosti-kaj-pejachkata-mimi-jovanovska-kukja-vo-skopje-so-bel-enterier-i-soba-garderober-foto-04.jpeg

Нашата кујна во бела боја е ремек-дело на дизајн и функционалност. Има вградени апарати и елегантен црн мијалник и чешма, создавајќи кохезивна естетика.

Материјалите што ги користевме се медијапан во бела мат боја и ламинам како работна површина и како ѕидна облога.

Сите фиоки и шкафчиња ги осмисливме однапред со архитектот за да се сместат сите потреби за кујната, вклучувајќи вградена корпа за отпадоци.

Од секогаш имав желба да имам остров и иако просторот не беше многу голем, архитектот успеа да го вклопи со тоа што го дизајнираше да биде заоблен од предната страна за да придонесе до флуидноста на просторот. Дополнително истиот не е фиксиран на подот, што значи можеме да го поместуваме во однос на тоа каде ни треба повеќе место.

Ја обожаваме и нашата трпезариска маса со црни ногарки и плотна од ламинам. Во кујната, островот и трпезариската маса е користен истиот модел на ламинам.

na-gosti-kaj-pejachkata-mimi-jovanovska-kukja-vo-skopje-so-bel-enterier-i-soba-garderober-foto-14.jpeg

Нашата спална соба е мирно прибежиште, доминираат смирувачки тонови на крем и бела боја.

na-gosti-kaj-pejachkata-mimi-jovanovska-kukja-vo-skopje-so-dominacija-na-belata-boja-i-soba-garderober-foto-02.jpg

Просторот вклучува тоалетна маса со полумесечина огледало со LED осветлување. Тоалетната маса е изработена од резбан медијапан што и дава нота на префинетост.

na-gosti-kaj-pejachkata-mimi-jovanovska-kukja-vo-skopje-so-bel-enterier-i-soba-garderober-foto-02.jpeg

Зад лизгачката врата се наоѓа плакарот, а несомнено полицата со високи потпетици ми е омилен дел од тој простор.

na-gosti-kaj-pejachkata-mimi-jovanovska-kukja-vo-skopje-so-bel-enterier-i-soba-garderober-foto-11.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg