Во домот на Дијана во Германија: Стан од 75м2 уреден според Монтесори – со мини тоалет, сушара и едукативни играчки
„Се си има свое место и се е на своето место“ е еден од принципите на кој се темели оваа метода и се трудиме да се држиме до тоа секојдневно.
Животот со дете знае да биде голем предизвик што се однесува до организираноста и уредноста, па затоа ние решивме да го намалиме бројот на предмети во станот. Тоа не се однесува само на неговите играчки туку и на нашите предмети и декорација.
Неговата соба е исто така опремена според Монтесори методата и ги има само основните работи кои му се потребни. Малку играчки, а многу простор.
Освен играчки, во собата има и достапни полици со кутии во кои му стојат неопходните парчиња облека, а на секоја од нив има сликичка на која е прикажано што има внатре, за поголема самостојност и соработка при облекување“.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени, заедно готвиме, а надвор сме и на снег и на кал“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело