Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња

Дополнително на зелената боја која го релаксира човековото око, во уредувањето присутен е дрво декорот кој го потенцира тој натурален (природен) ефект дополнително.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-10.jpeg

Кујната и спалната соба се изработени по принцип мебел по мерка, изборот на трпезариска маса беше масивно дрво со метални ногарки.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-18.jpeg

Јас по природа сум foodie и обожавам да готвам, така што кујната во мојот дом се користи максимално. За кујна која се користи често, а притоа истата е со помали димензии, за мене, еден од поважните фактори е да биде функционална, односно да ги има сите потребни елементи и сите слободно да се користат, а просторот до нив да не е ограничен.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-12.jpeg

Но што е функцијата ако ни недостасува изгледот?! Со дизајн (изглед) на функцијата добив кујна која ми го разубавува целиот простор во станот, а мене ми буди чувства и желба да поминувам повеќе време во тој простор испробувајќи различни рецепти.

Хоби ми е читањето на книги, па големата полица во спалната решив да ја претворам во мини библиотека, а во план е и изработка на втора поголема библиотека која ќе се вклопи во веќе дефинираниот ентериерен стил.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-35.jpeg

Јас сум голем љубител на растенија, па мои омилени детали во станот дефинитивно се растенијата кои ги имам во голем број и кои некако го разигруваат и освежуваат просторот.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-17.jpeg

Секое растение го сметам како посебен детаљ кој секако си бара нега и одржување. Со право можам да кажам дека уредувањето на просторот e исто така и биофиличен, а користењето на растенија во ентериерот произлегува од потребата да имам дел од природата во просторот во кој живеам.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-30.jpeg

Таа природа ми овозможува продуктивна и позитивна атмосфера, а истовремено претставува и декор во самото уредување.

Но растенијата за мене не се само естетски декор, туку го балансираат и подобруваат квалитетот на воздухот во станот, а тоа и како е потребно за средина како што е Скопје.

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-25.jpeg

Домот го уредив со цел да изградам едно свое светло и пријатно катче, каде што секој елемент и детаљ ќе има свое место и приказна само за себе.

Повеќе фотографии од деталите во домот на Катерина:

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-11.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-26.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-24.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-23.jpg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-33.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-31.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-16.jpg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-19.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-14.jpeg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-34.jpg

vo-domot-na-katerina-stan-vo-aerodrom-od-48m2-vo-pastelna-mint-boja-so-mnogu-cvekjinja-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Ангела во Скопје: Светли бои и винтиџ бебешко креветче кое го користел и нејзиниот сопру... „Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg