Шарени тапети, уметнички дела: Ресторан во Белград е како излезен од бајка (фото)
- Детали
- петок, 26 април 2024
Со шарените тапети, уметничките дела и уникатните декорации, ресторанот Hyde Park во Белград потсетува на раскошна куќа од периодот на ренесансата.
На Дедиње во Белград се наоѓа ресторан кој е како излезен од бајка.
Со многуте уметнички дела, шарените тапети и впечатливите маси и столови, ентериерот на ресторанот Hyde Park потсетува на раскошна куќа од периодот на ренесансата.
Во внатрешноста има многу зеленило, а доста внимание привлекуваат и уникатните лустери.
Благодарение на огромните прозорци, во локалот има и многу природна светлина која дополнително го разубавува просторот.
Ресторанот се користи за прослави, но можете да отидете на пијалак или за јадење.