„Смоквица“ – синџир локали во Белград, кој Србите (но и туристите) го обожаваат
- Детали
- четврток, 21 септември 2023
Пријатна атмосфера како да сте дома, топлина од секој агол, интересен избор на пијалаци и вкусна храна... „Смоквица“ во Белград од еден локал во центарот на градот се претвори во синџир локали кои се отворени низ целиот град и се меѓу омилените на белграѓани, но и на туристите.
Секој локал од синџирот „Смоквица“ е приказна за себе, уреден во поинаков стил од останатите, а сепак низ сите се провлекува истата пријатна нишка што сакале да ја доловат сопствениците на ова урбано белградско место.
Сите се уредени во минималистички скандинавски стил, а архитектите обрнале посебно внимание на боите и деталите.
Доминираат рустични парчиња мебел комбинирани со најмодерни елементи. Ова ја прави атмосферата пријатна и привлечна за гостите.
Тука можете да порачате коктел додека уживате под отворено небо во летната бавча во која дрвјата се украсени со светилки; да испиете кафе покрај прозорецот додека надвор врне дожд, а вие имате чувство дека сте во топлината на вашиот дом; или пак во зимските месеци да изберете топол напиток и да уживате додека го пиете покрај камин, а надвор паѓа снег.