Уникатно место во Битола кое ќе ви разбуди емоции - хотел со прв интимен театар во Македонија (фото)

Хотел Театар е магично место со прв интимен театар во Македонија, сместено во центарот на градот Битола. Автентичниот надворешен изглед на објектот којшто е во народен стил зборува за посебноста на овој локал.

unikatno-mesto-vo-bitola-koe-kje-vi-razbudi-emocii-hotel-so-prv-intimen-teatar-vo-makedonija-foto-01.jpg

Додека пак превкусната кујна којашто приготвува значителни македонски традиционални рецепти е уште еден придобивка во којашто можат да уживаат посетителите.

Воопшто немојте да бидете изненадени доколку ви кажам дека ова место го има првиот интимен театар во Македонија.

Театар којшто е сместен во самиот локал, каде што гостите често можат да уживаат во различните театарски претстави како и stand-up шоуа изведени од значајни актери од битолскиот Народен театар.

Во краток разговор за CRNOBELO.com менаџерот на „Хотел Театар“ Ивана Скалидис говори за идејата на создавање на едно вакво необично место.

,,Хотел Театар е мал семеен хотел. Исто така нов, градски хотел, изграден во стил на националната архитектура, лоциран во самиот центар на Битола. Располага со 10 соби.

Под ист кров со хотелот функционира и Интимен театар, прв независен, приватен театар во Македонија со сопствен простор, со редовен репертоар.

Истиот простор на театарот, со површина од 100м2, може да се користи како повеќенаменска сала – за состаноци, конференции, предавања итн.

Hашата Show kitchen се состои од новоизградената фурна и претставува посебна атракција како за домашните, така и за странските гости.

Можноста посетителите да учествуваат во приготвувањето на храната е доста привлечнa, особено во делот за припрема на домашни пити и леб.

Посебна понуда е понудата со раскажување на приказни, од периодот на ХХ век, за време на заедничкото готвење.

Раскошните „мадам“ одела , ги креиравме по модата на ала франга и даваат посебна круна (жирардо-шапка) на приказната. Туристите возбудливо ја играат улогата во времето на „La Belle Époque“.

За гостите од дијаспората, ова претставува еден времеплов, ги доживуваат спомените од нивното детство и она како нивните баби и дедовци живееле во минатото. ’’

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo 

Би можело да ве интересира:

Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Боинг 737 претворен во луксузна вила со прекрасен поглед - би се сместиле ли тука? На врвот на карпата во близина на плажа во Бали се наоѓа авион. И не, не е таков...
Локал украсен со лампиони и мечиња ја носи празничната бајка во центарот на Скопје На еден месец до новата 2025 година, Скопје го зафати празничната магија, а Brea...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg