На гости кај Татијана: Стан од 64м2 во Влае со свое дворче, минималистичко уредување и златни детали
Инаку, најмногу време поминувам во кујната. Јас сум човек што сака гости и секогаш се трудам да поминам време во кујната за да можам убаво да ги пречекам.
Станот го уредуваше Ирена Георгиева, млада и амбициозна девојка на која сум ѝ многу благодарна за тоа како ја претвори мојата визија во реалност.
Буквално се разбравме во 3 реченици. Јас ѝ кажав што сакам, а сè останато и препуштив на неа. Оставив таа како професионалец да си ја заврши својата работа и не се мешав во ништо.
Мојот стан е нејзино дело, а мене ми преостанува само да го уживам.
Многу ми значи мирната енергија во просторот, бидејќи за мене домот означува мир и спокој.
Токму затоа и боите не се силни, туку се умерени.
Кога го купував, клучен момент при одлучувањето ми беше тоа што станот е на приземје, па има и дворче.
Растена сум во куќа, па тој детаљ некако беше неизбежен. Секогаш мечтаев за стан со дворче, и ете, сега е мој“.