На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (фото)
Во библиотеката ги чувам сите прочитани книги и доста нови, на коишто летово ќе им дојде редот да бидат прочитани.
Речиси цел стан ми е осветлен со лед светло, бидејќи уживам во таа придушена атмосфера. Покрај тоа што имам и лустери во сите соби, највеќе го користам ледот во сите соби.
Кај телевизорот има елемент којшто, исто така е осветлен со лед светло, исто и во кујна.
Меѓутоа, мој омилен дел од станот е мојата канцеларија (гостинската соба), каде што го поминувам поголемиот дел од денот, работејќи.
За оваа соба највеќе водам грижа искрено, бидејќи ја чувствувам како дел од мене. Сакам да ми биде убава атмосферата додека работам.
Секој детаљ во оваа соба си има свое зошто. Светлината којашто ми влегува од прозорецот кој е веднаш до работната маса, ми дава секогаш убаво, пријатно и среќно чувство.
Работам на 3 монитори и над масата веднаш имам полици, коишто ми служат за складирање на работи кои се поврзани со мојата работа, и работната маса, бидејќи сакам да ми биде чиста, празна и уредна масата. Цвеќињата како декоративен елемент се секогаш одлични, и се вклопуваат во секој дизајн.
Спалната соба која располага со навистина голема спална (кревет) е преудобна за спиење.
Светло сивиот елемент на ѕидот е детаљ којшто одамна го имав замислено. Наткасните од двете страни се секогаш корисни, како и врадените ламби кои се закачени на страничните елементи од спалната.
Телевизорот во спалната го користам само кога не сум многу уморен и кога утредента можам да спијам до кога сакам, кога немам обврски за да станам рано. Меѓутоа и многу често заспивам гледајќи добар филм или серија.
Кујната е во нежна сина боја, и таму секогаш добивам инспирација за некои специјалитети, и искрено некогаш (најчесто) само на мене ми се допаѓаат.
Не сум нешто многу вешт во кујна, но за себе сум си одличен. Особено кога знам дека готвам само за себе, експериментирам многу.