Николина Ангеловска градот го замени со село: „Со сопругот и синот живееме во кичевско село со 120 жители – рај е“

„Кога баравме локација за дом, на ум ни падна идејата: „А да бараме локација во некое село?“... За чудо со сопругот се согласивме во истиот момент, и на двајцата ни беше доста од сè во градот и сакавме мир, тишина, чист воздух. На крајот се одлучивме за село Бигор Доленци и не се покајавме, тука го има најубавото ѕвездено небо, здрава храна и спокој“, вели Николина Ангеловска (31) од Кичево за CRNOBELO.com.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-001.jpg

Николина Ангеловска (31) со сопругот Денис и 2-годишниот син Марин животот во град го заменила со живот на село.

Ова семејство живее во селото Бигор Доленци, оддалечено 5km од Кичево, кое има само 120 жители, но за нив е совршен дом со мир, спокој, здрава храна и околина и најубаво ѕвездено небо.

Николина веќе 9 години е на позиција менаџер за продажба во компанијата Авон, каде голема придобивка ѝ е флексибилното работно време, односно може да работи кога сака и од каде сака.

Нејзиниот сопруг приватно работи со изработка на рачно цртани ѕидни декорации, а ја цртал и собата на нивниот син во куќата на село.

Николина за CRNOBELO.com открива детали за нивната љубовна приказна и за тоа како градот го замениле со село:

„Пораснав до мои 14 години во Кичево, а потоа се запишав во средно училиште во Скопје и таму го запознав мојот сегашен сопруг Денис Ангеловски.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-14.jpg

Учевме заедно во ист клас, бевме и најдобри другари, а четири месеци пред да правиме матура нашето другарство прерасна во љубовна врска. Потоа, заедно се одлучивме да продолжиме со студии во Битола на техничкиот факултет отсек – Сообраќајно транспортно инженерство.

Во Битола живеевме 7 години, таму направивме и свадба, а потоа со сопругот дојдовме до идеја дека сакаме да пробаме да живееме во Кичево, но само што се преселивме, сопругот доби работа во Берлин и 2-3 години бевме на релација Берлин-Кичево.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-15.jpg

Сите тие преселби, работа, стресот, турбулентното живеење нè наведоа на мислата дека сакаме да се повлечеме во мир и поедноставен живот. Се вративме Кичево и тука сопругот конечно си започна со работа, а јас отворив канцеларија, работата си легна, сè беше супер, но мојот град каде што пораснав не беше ист.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-28.jpg

Градежни работи на секој чекор, сообраќајот зголемен, никој не контролира издувни гасови, единственото излетничко место Крушино остана без голем дел од својата шума, со цел да се изгради автопат, сите дрвца во градот се претворија во бетон, почнав да се гушам од воздухот, метежот, хаосот, немањето на никаков ред, а потоа останав и бремена и за жал цела бременост ја поминав со анксиозност и панични напади, ме гушеше сè!

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-17.jpg

Градот во кој пораснав, стана едно големо разочарување за мене. Тогаш беше и моментот да се гради нашата куќа и баравме локации, размислуваме, гледавме повеќе места, но некако бевме во некое двоумење дали навистина сакаме тука да биде нашето гнездо, каде што ќе живееме и ќе расте нашето дете.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-34.jpg

Тука падна идејата: „А да бараме локација во некое село?“ За чудо со сопругот се согласивме во истиот момент, и на двајцата ни беше доста од сè и сакавме мир, спокој, тишина, чист воздух, но сепак внимаваме локацијата да не е премногу оддалечена од градот, сепак треба секој ден патување до работа, вршење административни работи, училиште, болница итн.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-04.jpg

На крајот се одлучивме за село Бигор Доленци оддалечено 5km од Кичево, рамничарско село со надморска висина околу 630m и население од околу 120 жители на левиот брег од реката Треска.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-26.jpg

Селото има 3 цркви, а повеќето селани си одгледуваат органска храна за себе, како и за продажба.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-06.jpg

Идејата за внатрешноста на куќата беше да биде микс од модерно и рустикално. И двајцата сме љубители повеќе на рустикалниот стил и скоро секој детаљ или украс го купуваме во тој стил.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото) Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и тушира...
Летна бајка во кафулето со розово Фиќо во Вевчани - три фламинга и многу цвеќе за кул фотки Познато како „кафулето со розово Фиќо“, Клуб Зи во Вевчани и ова лето е вистинск...
Новогодишна магија: Тура низ празнично украсени локали во Македонија Мексикански ресторан во Неготино организира божиќен базар, а во неколку локали н...
Кул нов локал во Скопје: Тапас бар со црвена врата и ѕидови што „приказни раскажуваат“ Ако ви здодеа од старите локали, тогаш на Илинденска ќе наидете на нешто ново - ...
На гости кај Маги Медичи: Стан во Скопје со ретро современа естетика и готски призвук (фото) „Во мојот дом ве пречекуваат топли, кремасто-жолти ѕидови, кои рефлектираат свет...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg