Николина Ангеловска градот го замени со село: „Со сопругот и синот живееме во кичевско село со 120 жители – рај е“

Веќе една година како сме тука и во ниеден момент не сме зажалиле за одлуката, напротив сега живееме со полна плуќа, паниките исчезнаа и немам време искрено да мислам на нив.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-05.jpg

Утрото ми почнува со кафе во канцеларија, работам до претпладне, доаѓам дома, го заспивам Марин, правам ручек, а после пладне шеткаме во прекрасната живописна природа и морам да споделам дека ова лето нè чека уште повеќе работа, бидејќи се одлучивме да направиме една мала градина во која ќе одгледуваме органска храна за нас, ќе садиме и овошки, а бидејќи има голема површина од околу 800 квадрати, ќе се искористи за парк со зеленило и дел ќе биде наменет за детстко катче.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-25.jpg

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-08.jpg

Ни останува за во иднина да размислиме и за чување на некои домашни животни каде што ќе имаме поголеми придобивки како јајца и месо. Целта ни е целата храна да е исклучиво наше органско производство.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-21.jpg

Исто така, морам да напоменам дека сум голем љубител на готвењето и секој слободен момент го користам да креирам нешто убаво и вкусно во кујната, а притоа се трудам да биде здраво, но вклучувам и локална традиционална храна, а потоа мојот труд го ставам во слика со рецепт на мојот Инстаграм профил mykitchen.mk, додека мојот животен стил може да се следи на профилот nikolina.angelovska.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-30_copy.jpg

За крај на сите оние кои се двоумат да живеат во село им порачувам да не се двоумат бидејќи:

Селанецот дише чист воздух секој ден, нема мирис на автомобили и нема издувни гасови.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-29_copy.jpg

Во селата се живее тивок и мирен живот, додека градот е бучен, патиштата натрупани со сообраќај.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-16.jpg

На село се јаде чиста, свежа и здрава храна, и да не одгледувате, секогаш ќе најдете од некој сосед да си купите.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-24.jpg

Се трошат помалку пари, а сè што купувате на пазар, може да го одгледувате и во својот двор.

nikolina-angelovska-gradot-go-zameni-so-selo-so-soprugot-i-sinot-zhiveeme-vo-kichevsko-selo-so-120-zhiteli-raj-e-32.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

7 локали низ Скопје за кога немате идеја каде да испиете кафе Некои имаат кул ентериер со специфични детали, други пак одлична природна сенка ...
6 ресторани во природа низ Македонија за совршен викенд ручек Од локали ѕидани од камен во чиј ентериер е вложено навистина многу до локали на...
Летна бајка во кафулето со розово Фиќо во Вевчани - три фламинга и многу цвеќе за кул фотки Познато како „кафулето со розово Фиќо“, Клуб Зи во Вевчани и ова лето е вистинск...
Шарени тапети, уметнички дела: Ресторан во Белград е како излезен од бајка (фото) Со шарените тапети, уметничките дела и уникатните декорации, ресторанот Hyde Par...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg