Пампас трева, банана дрво: Совршено уреденото дворче на Анета во битолското село Канино (фото)
Омилената пампас трева, која инфлуенсерките ја користат за декорација на домот, Анета Илоска ја има во изобилие во својот двор. Плус совршено уредено цвеќе и летниковец и дворчето е мало парче од рајот.
Анета Илоска e вљубеничка во природата и естетиката, па токму затоа нејзиниот двор изгледа совршено, во секое годишно време.
Огромна пампас трева, банана дрвја, многу цвеќе, летниковец и совршено уредена трева и имате мало парче од рајот.
Таа живее во семејна куќа во битолското село Канино, а нејзиниот двор е можеби најубавиот таму, но и пошироко.
Деновиве во Фејсбук групата „Дворчето“ таа сподели фотографии од него.
Дворчето на Анета:
С. С. | Црнобело