Совети за одгледување вербена – цвеќе кое привлекува пари и благосостојба во домот

Изгледа прекрасно во жардињери и во саксии, а се верува дека ќе ви донесе многу среќа и пари во домот. Вербена е билка што цвета од рана пролет до есен и е одлично решение доколку сакате да го декорирате балконот со цвеќе што ќе ви донесе среќа.

zasadete-verbena-vo-saksii-za-da-privlechete-povekje-pari-i-blagosostojba-vo-domot-01.jpg

Старите народи често ја користеле како лековита билка, а исто така во одредени култури била користена за благословување на објектите и на олтарите во светилиштата.

Неслучајно кај некои од старите европски народи била позната и како „билка на љубовта“ и „билка на крстот“.

zasadete-verbena-vo-saksii-za-da-privlechete-povekje-pari-i-blagosostojba-vo-domot-02.jpg

Во стариот Египет, вербената била сметана за свето растение и тие верувале дека таа настанала од солзите на божицата Исис додека тагувала заради смртта на богот Озирис.

Според Персијците, античките Грци и Римјаните, вербената исто така била свето растение што има голема лековита моќ.

zasadete-verbena-vo-saksii-za-da-privlechete-povekje-pari-i-blagosostojba-vo-domot-03.jpg

Денес вербената често може да се најде како саксиско цвеќе во розова, виолетова, црвена, бела, сина, па и во боја на кајсија.

Станува збор за едногодишно растение што расте на височина од околу 20cm.

zasadete-verbena-vo-saksii-za-da-privlechete-povekje-pari-i-blagosostojba-vo-domot-04.jpg

Според фенг-шуи експертите розовата и црвената вербена пред влезната врата ќе ви донесат многу среќа, пари и благосостојба во домот, а секако треба да внимавате таа да биде здрава и да нема исушени листови.

Вербената е идеална и за оние што не се премногу посветени на одгледувањето цвеќиња затоа што мошне е лесна за одржување.

zasadete-verbena-vo-saksii-za-da-privlechete-povekje-pari-i-blagosostojba-vo-domot-08.jpg

Потребно е само умерено да ја залевате (околу двапати неделно) и повремено да ги отсекувате гранките за побујно да цвета.

Потребни ѝ се околу шест часа дневна изложеност на сонце, а не треба премногу да внимавате при изборот на земја.

zasadete-verbena-vo-saksii-za-da-privlechete-povekje-pari-i-blagosostojba-vo-domot-07.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“ Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани цела година во нејзино...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Три пролетни цвеќиња кои внесуваат среќа во домот Свежите цвеќиња сами по себе носат пријатно чувство, но доколку решите да внесет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg