Корисни совети за одржување на цвеќињата во лето: Еднаш во неделата ставете им млеко наместо вода

Ако на тераса или во двор имате барем неколку саксии свежо цвеќе, сигурно знаете колку навидум лесната работа може да биде сложена.

korisni-soveti-za-odrzuvanje-na-cvekinjata-vo-leto-ednas-vo-nedelata-stavete-im-mleko-namesto-voda-01.jpg

Покрај упатството, постојат неколку совети кои може да ви ги разубават цвеќињата, а не чинат многу.

1. При садењето задолжително ставете слој ситен камен, па потоа покријте со земја.

2. Задолжително пресадувајте го цвеќето на секоја или секоја втора година.

3. Чаша млеко на една недела е одлично ѓубриво за собните билки или оние кои ги чувате на прозор или балкон.

4. Оладете ја водата во која се вареле јајцата и полијте ги сите цвеќиња на кои им се потребни минерали.

5. Цвеќињата во двор или градината може да ги нахраните и со водата во која сте го миеле месото за ручек.

6. Сварените ливчиња чај, како и самиот чај се одлично ѓубриво за собните билки.

7. Зелените листови наместо со вода, пребришувајте ги со крпа натопена во пиво. Во исто време ја чистите прашината и ги зацврстувате листовите.

8. Не заборавајте да ги прскате собните билки со мешавина од вода и млеко во размер 50:50. Ставете ја оваа мешавина во шише со распрскувач и користете секојдневно.

9. Средство против инсекти најлесно ќе направите ако неколку отпушоци од цигари ставите во малку вода и ги оставите да отстојат 24 часа. Потоа со водата полијте го цвеќето.

10. За цвеќињата кои се полеваат секојдневно, додадете неколку зрна сол во водата.

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg