Скриено значење на цветовите кои ги одгледуваме дома

Во домот поседуваме неколку типични видови на цвеќе кое покрај тоа што ни го разубавува домот и градината имаат и свое скриено значење. Нивната симболика датира уште од античкиот период, но и денес стои како суптилна порака која сакаме да ја пратиме на оние кои влегуваат во нашиот двор или ни даруваат цвеќе.

skrieno-znachenje-na-svetovite-koi-gi-odgleduvame-doma-001.jpg

Еве неколку значења:


1. Камелија

Дарувањето на ова раскошно цвеќе уште од викторијанското време ја имало пораката „Ја ставам мојата судбина во твои раце“.

skrieno-znachenje-na-svetovite-koi-gi-odgleduvame-doma-1.jpg


2. Зумбул

„Те молам прости ми“ е пораката која произлегува од грчката митологија и се врзува со богот Аполон.

skrieno-znachenje-na-svetovite-koi-gi-odgleduvame-doma-2.jpg


3. Каранфил

Белите каранфили се цветовите на слаткоста и убавината, а оние розовите означуваат дека вашиот пријател никогаш нема да ве заборави. Доколку добиете жолт каранфил, личноста која ви го подарила ве презира, а двобојните се знак дека личноста не сака повеќе да има никаква врска со вас.

skrieno-znachenje-na-svetovite-koi-gi-odgleduvame-doma-3.jpg


4. Камилица

Камилицата е цвеќето симбол на одморот и релаксацијата. Токму затоа пожелно е да го поседувате во вашата градина. Дополнително на нејзиното симболичко значење од неа секогаш ќе можете да правите топол чај.

skrieno-znachenje-na-svetovite-koi-gi-odgleduvame-doma-4.jpg


5. Сончоглед

Постои легенда која вели дека Шпанците кога за првпат пристигнале во Јужна Америка, кога ги здогледале сончогледите мислеле дека се злато и токму затоа, денес овие светови се симбол на лажното богатство.

skrieno-znachenje-na-svetovite-koi-gi-odgleduvame-doma-5.jpg


6. Босилек

Денес се употребува како билка зачин и добро е да го поседувате во вашиот дом. Ќе можете да го употребите како додаток на секој оброк. Во викторијанското дома оваа билка била симбол на омразата.

skrieno-znachenje-na-svetovite-koi-gi-odgleduvame-doma-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg