Дворче во Битола со бунар и зимзелени дрвца е вистински зелен рај (фото)
Дворче во Битола е спој на хармонија, мир и убавина - идеално место за бегство од летните горештини.
Со бунар поставен во средината на зеленото пространство, совршено искосената трева и зимзелени и листопадни дрвца, дворот на Андријана Тахуловска во Битола е вистинско идилично место.
Тука се и деталите кои го прават уште повпечатлив – лејките и стомните за вода поставени покрај бунарот, саксиите со цвеќе и украсните фигури.
Замислете си само како изгледа да го пиете утринското кафе под сенката на лозницата, или да си поставите лежалка и да уживате на сонцето.
Фотографиите од својот убаво уреден двор Тахуловска ги објави на Фејсбук групата Дворчето.
Tаму доби пофалби дека навистина изгледа прекрасно, па секој да посака да помине тука малку време и да ужива.
А. Ј. | Црнобело