Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот
Често ги пресадувате, сите растенија ги чувате на сонце и заборавате да им ги исчистите листовите – кои се најчестите грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот?
Дали сите ваши растенија умираат или изгледаат мизерно, без разлика што водите добра грижа за нив?
Тогаш можеби правите некоја од следниве грешки:
Сите растенија ги чувате на сонце или под сенка
Точно е дека на растенијата им треба сончева светлина за процесот фотосинтеза, но не сите треба да ги чувате на сонце. Истовремено, не треба сите да ги чувате под сенка.
На некои им треба директна светлина само неколку часа во денот, а некои треба постојано да бидат под сенка.
Па, истражете за секое од растенијата и чувајте го соодветно.
Им ставате многу вода
Корените на некои растенија се подложни на мувла која настанува ако им ставате премногу вода.
Генерално, почвата во саксијата треба да биде влажна, но не накисната со вода.
Ги наводнувате со шише со распрскувач
Дури и на растенијата кои се наводнуваат ретко треба да ми ставите доволно вода за да се навлажни целата почва во саксијата.
Со шишето со распрскувач нема да го постигнете тоа.
Овие шишиња користете ги само за прскање на листовите на растенијата кои имаат потреба од тоа.
Ги наводнувате само кога изгледаат овенато
Не чекајте листовите на растенијата да почнат да изгледаат овенато за да им ставите вода.
Бидејќи сите растенија имаат различни потреби, истражете за вашите за колку често да им ставате вода.
Обично, во лето на повеќето им треба почесто, а во зима поретко наводнување.
Не им ги чистите листовите
На листовите на растенијата лесно се таложи прашина која може да ги оштети.
Во природата, оваа прашина ја чисти дождот, но растенијата во домот морате да ги чистите сами.