Ефикасни домаќински трикови од нашите баби што ќе ви заштедат време и пари

Многу полесно ќе ги исчистите прозорците ако користите средство и весник, наместо крпа - дали вие користите некој домаќински трик од вашата баба?

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-01.jpg

Нашите баби ги немале бројните продукти за сè и сешто што ни се достапни денес. Па, морале да се снаоѓаат како знаат и умеат со она што им било достапно.

А, дел од триковите што ги користеле се толку ефикасни, што можат да ни се најдат и денес.

Неколку ефикасни трикови од нашите баби:

Избелување облека со лимонов сок

Лимонот може да биде одлична замена за избелувач ако сакате да отстраните дамки од облеката.

Препорачливо е да го користите овој трик само за бела облека, како и само за облека направена од памук или полиестер.

Лимонот може да ги оштети другите материјали и да ја избледи бојата на облеката.

За да отстраните дамка, измешајте 4 литри жешка вода со сок од еден лимон и ставете ја облеката во смесата околу два часа. Потоа исперете ја како вообичаено.

Можете и да ставите лимонов сок директно на дамката - оставете да отстои 1-2 часа па исперете ја.

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-02.jpg

Оцет за чистење на тоалетната школка

Наместо средство за чистење, во школката ставете оцет и оставете го да отстои цела вечер.

Следниот ден ставете и малку сода бикарбона, па истријте ја школката.

Мешавината од оцет и сода бикарбона може да ги отстрани нечистотиите, да ги уништи бактериите и да ги отстрани непријатните мириси.

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-03.jpg

Исчистете ја микробрановата печка со пареа

Лесно можете да ја исчистете микробрановата печка само со пареа.

Во микробрановата печка ставете сад во вода и вклучете ја печката околу пет минути.

Потоа само избришете ја внатрешноста со крпа.

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-04.jpg

Чистење прозорци со весник

Наместо крпа, можете да ги исчистите прозорците со средство и весник.

За разлика од крпата, весникот нема да остави мали влакненца на стаклото. Покрај тоа, доволно е груб за да ги отстрани дамките без да го изгребе прозорецот.

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-05.jpg

Пресечете го сунѓерот за садови на две

Со овој трик еден сунѓер ќе ви трае многу подолго, а и полесно ќе ги миете садовите со мал отвор.

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-06.jpg

Брашно за отстранување масло

Ако ви капне масло на ткаенина, веднаш покријте ја дамката со брашно и оставете да отстои околу еден час.

Доколку треба, повторете ја постапката. Брашното ќе го впие маслото и ќе го отстрани речиси целосно.

Секако, ова не функционира баш во секој случај, но вреди да се проба. 

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-07.jpg

Екстракт од ванила наместо освежувач за воздух

Екстрактот од ванила можете да го користите наместо освежувач за воздух.

Накиснете мало топче памук со екстракт од ванила и ставете го каде било.

Поради силниот мирис, целиот дом ќе ви мириса на ванила.

efikasni-domakjinski-trikovi-od-nashite-babi-shto-kje-vi-zashtedat-vreme-i-pari-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg