9 грешки што ги правите со уредите во домот, а можат да ги оштетат
Ја бришете плотната со користена крпа
Микрофибер крпите се одлични за чистење на плотната, но мора да бидат чисти.
Односно, немојте набрзина да ја забришувате плотната со крпа која сте ја искористиле за рацете, помошната маса или нешто друго.
Кога сте во брзање, многу подобро е да искористите хартиен бришач за раце.
Ја празните правосмукалката само кога е полна до врв
Без разлика дали имате правосмукалка со хартиени кеси или со резервоар кој се отстранува и мие, не треба да чекате да биде преполнета за да ја исчистите.
Кога резервоарот е преполн, ефикасноста на правосмукалката се намалува, а може и да прегрее.
Не го чистите вентилаторот
Веројатно ја собирате прашината од решетката на вентилаторот, но препорачливо е еднаш неделно да го чистите темелно.
Во спротивно, тој ќе ги разнесе сите нечистотии од него низ просторијата.
Го отстранувате бигорот од бокалот за вода со триење
Ако пробувате да го истриете бигорот до бокалот за загревање вода, не само што нема да го отстраните, туку и ќе си го оштетите уредот.
Најлесно ќе го отстраните бигорот со средства за таа намена кои можете да ги најдете во повеќето маркети.
Ја подесувате осветленоста на телевизорот на максимум
Осветленоста на телевизорот се подесува во зависност од просторијата во којашто се наоѓа.
Ако во текот на денот собата е многу светла, нормално дека ќе ви треба поголема осветленост на телевизорот.
Но, ако просторијата е потемна или ако гледате навечер, нема потреба осветленоста да биде на максимум.
Со најсилна осветленост во ваква соба, сликата нема да изгледа добро, но и телевизорот ќе троши малку повеќе струја.
Спирова С. | Црнобело