Се омажив и сега треба да бидам домаќинка – досега тоа беше мајка ми за мене, што да правам?

Се препозна во оваа фраза? Да, не си единствена... Одеднаш стана сопруга и од тебе се очекува да бидеш домаќинка, а до вчера мајка ти правеше сè. За почеток, не треба да си роб на домот, без паника. Но, држи се до некои од овие „домаќински правила“. 

majka-mi-me-peglashe-pereshe-i-gotveshe-sega-se-omazhiv-i-ne-znam-da-bidam-domakjinka-shto-da-pravam-01.jpg

Стереотипот на општеството. Со станувањето сопруга, постануваш домаќинка и преземаш огромен дел од работите кои дотогаш за тебе ги завршуваше твојата мајка. 

Но, не треба да те фаќа паника. Тоа не значи дека треба да станеш роб на домот и сопругот, но со цел да ти биде пријатно во новиот дом, важно е да ги завршуваш навреме обврските и да знаеш некои основни „домаќински“ правила. 

Како да се приспособиш на овие промени и да си го олесниш процесот на завршување на обврските без притоа да го изгубиш целото време на светот? 

Временска рамка

Времето е сè. Затоа користи го паметно и мудро. Распредели ги обврските согласно приоритетите и води се по тој план.

Не секогаш ќе имаш ручек во неделата, ниту пак ќе исчистиш цела куќа за 2 часа, но сосема е во ред. Твоето време веројатно си испланирала да го искористиш на начин кој повеќе ти се допаѓал во моментот.

se-omaziv-i-sega-treba-da-bidam-domakinka-01.png

Не биди роб на домот 

Да, домот не може да прооди, а денот ќе помине и без да вклучиш правосмукалка. На сончево утро, излези прошетај, а дневните активности остави ги за подоцна. Сè е во ред.

majka-mi-me-peglashe-pereshe-i-gotveshe-sega-se-omazhiv-i-ne-znam-da-bidam-domakjinka-shto-da-pravam-04.jpg

Чисти и средувај селективно

Генералка на домот не се прави преку ноќ, затоа доколку сакаш редовна хигиена на домот, средувај селективно, па така посвети еден ден во неделата само на кујната. На тој начин ќе бидеш темелна во чистењето, а резултатот ќе биде и повеќе од видлив.

majka-mi-me-peglashe-pereshe-i-gotveshe-sega-se-omazhiv-i-ne-znam-da-bidam-domakjinka-shto-da-pravam-03.jpg

За помалку прашина

За да не губиш драгоцено време на бришење прав од полиците, погрижи се да го минимизираш бројот на украси што го имаш во домот. Користи кутии за складирање кои изгледаат уредно и прегледно, а заштедуваат голем простор.

Направи неделно мени за храна

Обезбеди си стикери во боја и направи дневни менија кои ќе ти заштедат време размислувајќи што да приготвиш за наредниот ден. На тој начин храната ќе биде разноврсна, а ти ќе имаш безброј комбинации за планирање однапред.

Доколку пак, партнерот е љубител на готвење, понекогаш може и заедно да си ги поделите обврските за готвењето да ви биде позабавно, наместо обврска. 

majka-mi-me-peglashe-pereshe-i-gotveshe-sega-se-omazhiv-i-ne-znam-da-bidam-domakjinka-shto-da-pravam-02.jpg

Одреди денови за перење

Да, колку и смешно да звучи ова е многу корисен предлог. Па така, доколку во понеделник и среда решиш да переш црни алишта, остави си ги останатите за наредните денови. Не мора сè да се заврши сега и веднаш.

Не собирај купови со алишта за пеглање

Наспроти тоа, обезбеди си многу закачалки на кои ќе ги простираш алиштата. Многу помалку изгужвани алишта, заштедено време за пеглање. Останатото што бара посебна нега, не го складирај во куп кој ќе се полни со прашина туку веднаш изпеглај го.

majka-mi-me-peglashe-pereshe-i-gotveshe-sega-se-omazhiv-i-ne-znam-da-bidam-domakjinka-shto-da-pravam-05.jpg

Ослободи се од непотребни нешта

Од време на време осврни се на фиоките и фрли ги сите непотребни листови, сметки, пенкала што не пишуваат, искршени играчки, дрангулии без функција во домот. На тој начин ќе си создадеш простор за нови работи.

Домаќинските активности бараат многу време, но тоа не значи дека треба да се запоставите самите вие.

Затоа, на крајот на денот секогаш бидете средени за наредниот ден, не дозволувајте да не се истуширате по зготвениот ручек или да не ги налакирате ноктите кои се оштетија од средствата со кои чистевте.

Создадете си своја рутина и чувствувајте се пријатно со овие домаќински обврски, со тек на време ќе ви станат рутина ако сте добро организирани. 

Како вие се справувате на оваа тема?

 М. У. Т. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg