9 домаќински трикови од времето на нашите баби (кои ќе ни бидат од корист и денес)

Денес може да најдеме средства и уреди за секаква употреба, но порано домаќинките морале да се снаоѓаат и сами да измислуваат трикови кои ќе им го олеснат секојдневието.

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-01.jpg

Понекогаш овие трикови кои се користеле во минатото се многу поефективни, па добро е да ги знаеме и да ги пробаме.

Лупење морков без алатка, чистење шпорет без готово средство, правење лебни трошки кога немате презла  и уште неколку трикови кои треба да ги имате на ум за во кујна или низ домот.

Погледнете дел од нив во продолжение:

Чистете ги дамките од шпоретот со сол

Ако имате од старите шпорети, по готвењето, околу ринглите нанесете тенок слој сол, а кога ќе се излади избришете ја солта со крпа и дамките ќе исчезнат без да се залепат.

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-02.jpg

Ако немате острач за нож, наострете го од долниот дел на порцеланска чинија

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-03.jpg

Излупете морков со помош на нова жица за садови

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-04.jpg

Направете лебни трошки така што ќе изрендате претходно замрзнат леб

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-05.jpg

Ставете парчиња памук на врвот од ноктите за да не ви се кинат ракавиците

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-06.jpg

Ако ви се скрши јајце на под, истурете сол и оставете 5 минути па соберете со метла наместо да се мачите додека е течно.

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-07.jpg

Лукот нема да ја изгуби свежината и вкусот ако го чувате во кутија со сол

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-08.jpg

Волнената облека сушете ја со помош на стари хулахопки

Горниот дел од хулахопките ставете го низ вратот на блузата, а ногавиците протнете ги низ ракавите и така закачете ја блузата на сушење за да не се уништи формата.

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-09.jpg

Чворот на врвците полесно ќе го одврзете ако претходно наросите бебешка пудра

9-domakjinski-trikovi-od-vremeto-na-nashite-babi-koi-kje-ni-bidat-od-korist-i-denes-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 корисни трикови што сигурно ќе ви се најдат низ домот Како да ги закачите кошулите по перење за да не ви се истуткаат и како правилно ...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg