10 трикови со кои ќе си го олесните животот во домот со помош на хартија за печење
Основната намена на хартијата за печење е секако да се обложат тавчињата со цел да не ни се залепи колачот или храната при готвењето.
Но, со помош на хартијата за печење можете да решите и некои други ситни проблеми во домот.
Ова се 10 нови начини како да ја искористите хартијата за печење во домот:
Исполирајте ги чешмите
Исполирајте ги чешмите во домот со хартија за печење за да блеснат. Со полирањето, хартијата ќе ги отстрани дамките од водата, а восокот од хартијата ќе ги заштити славините некое време од формирање на нови дамки од бигор.
Обложете ги полиците
Поставете хартијата за печење на највисоките полици во кујната каде што се собира многу прашина и валканици кои се таложат при готвењето.
Заменете ги по неколку месеци и ќе се изненадите колку нечистотија ќе остане на нив. Оваа хартија можете да ја користите и за обложување на фиоките и внатрешните полици во кујната.
Исчистете го подот
Употребете ја хартијата за печење како крпа за да го избришете подот и избришете го на вообичаениот начин. Ќе ја соберете целата нечистотија од подот со помош на тенкиот слој восок што го има хартијата на себе.
Исчистете ја пеглата
Доколку имате нешто залепено на пеглата, направете го следново: поставете хартија за печење и кога пеглата ќе се загрее до максимум, лесно поминувајте со пеглата врз неа додека не се отстрани целата нечистотија.
Продолжете ја употребата на отворачот за конзерви
Веќе споменавме дека хартијата за печење е премачкана со восок, кој ќе се префрли на сечилото за отворање и ќе го исчисти доколку е нечисто. Дополнително ќе го премачка сечилото на отворачот и на тој начин ќе го спаси од ’рѓа.
Елиминирајте го крцкањето на вратите
Вратата што чкрипи при затворање и отворање поминете ја со хартија за печење и ослободете се од непријатниот звук. Восокот од хартијата ќе ги премачка рабовите и вратата полесно ќе се затвора и отвора.
Зачувајте го градинарскиот алат
По употреба, исчистете ги градинарските алати со оваа хартија. Покрај лесното отстранување на остатоците од земјата, хартиениот восок ќе го заштити металот од ’рѓа.
Спасете се од заглавениот патент
Доколку забележите дека патентот на јакната или чантата ви се заглавува некаде, истријте го со хартија за печење и ќе биде како нов.
Поставете хартија за печење на полиците во фрижидер
Хартијата за печење е идеална за обложување на полици и фиоки, дури и во фрижидерите. Ќе ги заштити полиците доколку нешто се истури, доволно за да не мора да го избришете целиот фрижидер, туку само да ја замените хартијата.
Исчистете ги металните шипки во бањата
За полесно да се лизгаат прстените на завесите во бањата, истријте ја шипката со хартија за печење и на тој начин подмачкајте ја и избришете ја од прашината што добро се залепила на неа.
Со полирање, сите типови на вакви прачки и шипки во домот, повторно ќе заблескаат.
(О)Милена | Црнобело