Јагодите се мијат со оцет, компирите се чуваат со јаболко - Трикови како овошјето и зеленчукот да ви траат подолго

Како да го сочувате компирот за да не пушти никулци, доматите да не скапат, а јагодите и другите бобинки подолго време да бидат свежи?

jagodite-se-mijat-so-voda-i-ocet-kompirite-se-chuvaat-so-jabolko-trikovi-kako-ovoshjeto-i-zelenchukot-da-vi-traat-podolgo-01.jpg

Вообичаено кога се враќаме од пазар овошјето и зеленчукот го ставаме во ладилник за да ни трае подолго, а факт е дека некои продукти воопшто не треба да се чуваат таму.

Во продолжение погледнете неколку едноставни трикови како да ги зачувате овошјето и зеленчукот подолго време свежи.

Јаболко во кутијата со компири

Доколку често ви се случува компирот да ви пушта никулци, најдобро е да ставите едно јаболко таму каде што ги чувате компирите. 

Гасот етилен од јаболката спречува тој да пушти никулци, а дополнително добро е да го чувате компирот во хартиена амбалажа подалеку од влага и од светлина.

jagodite-se-mijat-so-voda-i-ocet-kompirite-se-chuvaat-so-jabolko-trikovi-kako-ovoshjeto-i-zelenchukot-da-vi-traat-podolgo-02.jpg

Доматите се чуваат во хартиена кеса

Ако сте ги купиле во пластична амбалажа веднаш префрлете ги во хартиена кеса, со дршката нагоре и на собна температура. Исто така, потребно е да ги чувате подалеку од сончева светлина.

jagodite-se-mijat-so-voda-i-ocet-kompirite-se-chuvaat-so-jabolko-trikovi-kako-ovoshjeto-i-zelenchukot-da-vi-traat-podolgo-03.jpg

Целерот и брокулата се чуваат во проѕирна фолија

Целерот и брокулата може да останат до две недели свежи доколку ги завиткате во проѕирна фолија.

jagodite-se-mijat-so-voda-i-ocet-kompirite-se-chuvaat-so-jabolko-trikovi-kako-ovoshjeto-i-zelenchukot-da-vi-traat-podolgo-04.jpg

Јагодите и бобинките натопете ги во раствор од оцет

Направете раствор од 60ml оцет и 350 ml вода и во него потопете ги јагодите и останатите бобинки.

Исцедете ги и добро исушете ги, па префрлете ги во хартиена кеса – на овој начин ќе останат свежи и до неколку дена, затоа што оцетот спречува развој на мувла и ги дезинфицира.

jagodite-se-mijat-so-voda-i-ocet-kompirite-se-chuvaat-so-jabolko-trikovi-kako-ovoshjeto-i-zelenchukot-da-vi-traat-podolgo-05.jpg

Свежите зачини одат во замрзнувач

Ако сте купиле свежи зачини тогаш можете да ги исечкате и да ги ставите во сад за правење мраз, да ги прелеете со маслиново масло и да ги ставите во замрзнувач.

На овој начин ќе можете да ги користите секојпат кога правите сосови, супи или други варива.

jagodite-se-mijat-so-voda-i-ocet-kompirite-se-chuvaat-so-jabolko-trikovi-kako-ovoshjeto-i-zelenchukot-da-vi-traat-podolgo-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
Трикови со кои предметите и храната во домот ќе ви траат подолго (и ќе ви заштедат пари) Чувајте го лебот во фрижидер за да ви трае подолго, а облеката перете ја преврте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg