Ја чувате четката за заби до мијалникот и уште 11 грешки при складирање со кои ги уништувате предметите во домот
Немојте да ги чувате џемперите на закачалка, чувајте ги зачините подалеку од шпоретот и скриени од сончева светлина, а за фотографиите најдобро е да купите албуми.
Кога ги средуваме предметите низ домот, сакаме да ни бидат при рака. Па, логично е четката за заби да стои до мијалникот, зачините во близина на шпоретот, а чантите да ги закачиме на закачалка.
Но, ова сЕ само дел оД грешките со кои ги уништуваме предметите во домот или им го намалуваме рокот на траење.
Во продолжение некои од најчестите вакви грешки:
Парфеми во тоалетот
Поради туширањето, температурата во тоалетот може често да се менува, а ова има негативно влијание врз парфемите. Покрај тоа, шишенцето лесно може да ви падне од рака поради кондензираната влага која го прави лизгаво.
Не е препорачливо и да ги чувате парфемите изложени на сончева светлина.
Наместо тоа, треба да ги чувате на темно и суво место. Некои експерти препорачуваат и да ги чувате во фрижидер доколку имате место.
Четка за заби покрај мијалникот
Логично е четката да ви биде до мијалникот, но ова не е најбезбедното место за неа.
Поради влагата, четката потешко ќе се исуши и со тоа ќе стане место поволно за развој на бактерии.
Доколку имате шкафче или фиоки во тоалетот, затворете ја четката таму. Во спротивно, ставете ја што е можно подалеку од мијалникот.
Четки за шминкање во тоалетот
И во овој случај проблемот е влагата во тоалетот.
Покрај тоа што треба да ги чистите четките по секое користење, препорачливо е да ги чувате на суво место.
Расфрлани ножеви во кујнската фиока
Најпрво, чувањето на ножевите расфрлани во фиоката може да биде опасно – доволно е мало невнимание за да се пресечете.
Истовремено, кога се расфрлани, ножевите ќе се тријат од другиот прибор во фиоката, па брзо ќе отапат.
Најбезбедно е да купите држач за ножеви или да ги закачите на ѕидот.
Закачени чанти
Избегнувајте да ги закачувате чантите за нивните рачки, особено ако внатре имате оставено некои работи.
Со ова само ќе ја оштетите рачката и побрзо ќе се скине. Исто така, може да се промени и формата на самата чанта.
Џогер на подот во тоалетот
Веројатно претпоставувате дека и овојпат „виновникот“ е влагата.
Откако ќе го исчистите, мора добро да го исушите џогерот и да го ставите на суво место. Во спротивно, на него лесно ќе се создаде мувла која ќе ја разнесете со следното чистење.