Водич за „добри домаќинки“ од 1950-та: Масата за појадок се мести навечер, тоалетот се чисти секој ден

Според ова упатство, секој ден треба да избришете прашина, да ја проветрите постелнината, да ги наместите креветите, да го исчистите тоалетот, да исперете крпи, да изметете и да соберете играчки... Какви секојдневни обврски имале жените во 50-тите години, а какви денес?

dali-imale-pomalku-obvrski-od-nas-spisanie-od-50-tite-detalno-gi-nabrojuva-sekojdnevnite-zadachi-na-domakjinkite-01.jpg

Денес е сосема нормално жената да гради кариера, покрај тоа што е мајка и сопруга и во некои семејства, дури таа го носи и поголемиот дел од семејниот буџет.

Во минатото улогата на жената била поинаква и можеби ни се чини дека на нашите баби им било полесно. Какви обврски имале жените некогаш?

За време на војна мажите си заминувале од домот, а жените биле главниот столб во семејството. Во повоениот период мажите биле тие што оделе на работа, а жените останувале дома и требало да се посветат на домот и на семејството.

Таа требало да се грижи за децата, да ги завршува семејните обврски, да подготвува оброци, да оди во набавка, а во голем број случаи и да го планира семејниот буџет.

dali-imale-pomalku-obvrski-od-nas-spisanie-od-50-tite-detalno-gi-nabrojuva-sekojdnevnite-zadachi-na-domakjinkite-02.jpg

На интернет деновиве кружи детален водич за чистење на домот по примерот на жените од 50-тите години од минатиот век.

Овој водич бил објавен во списанијата за жени од тој период, а листата на обврски е мошне долга.

dali-imale-pomalku-obvrski-od-nas-spisanie-od-50-tite-detalno-gi-nabrojuva-sekojdnevnite-zadachi-na-domakjinkite-06.jpg

Освен секојдневните задачи, се наведуваат и задачи што домаќинката треба да ги направи еднаш неделно, а се верува дека жените во овој период имале одлична линија на телото затоа што најголем дел од домашните обврски ги извршувале сами.

Погледнете колку обврски имале жените-домаќинки во овој период, па самите заклучете дали им било полесно или не.

Секојдневни обврски:

1. Извадете ја постелнината и оставете ги креветите да се проветрат;

2. Отворете ги ролетните и прозорците;

3. Подгответе појадок, а потоа исчистете ги кујната и трпезаријата;

4. Земете корпа за средување. Додека го средувате домот во корпата ги ставате предметите што не припаѓаат во таа соба и ги распоредувате во собите каде што им е местото;

5. Исчистете ги собите каде што престојувате, соберете ги ситниците, избришете прашина, наместете ги перниците и наводнете ги растенијата;

6. Наместете ги креветите;

7. Наместете ја спалната соба и избришете прашина;

8. Средете ја облеката што не е на место, а нечистата облека ставете ја за перење;

9. Подредете го тоалетот, тргнете ги нечистите крпи и ставете чисти. Ставете тоалетна хартија, сапун и измијте го мијалникот и држачите за сапун;

10. Пребришете ги работните површини во кујната и ладилникот и фрлете ја целата храна што ѝ поминал рокот на траење;

11. Фрлете го ѓубрето од домот;

12. Исперете ги крпите за садови и ставете ги да се сушат;

13. Изметете и пребришете го подот во кујната;

14. Завршете ги обврските што се прават еднаш неделно, а што по распоред ви се за тој ден (видете подолу);

15. Наместете ја масата за вечера;

16. Наместете ја дневната соба за вечерните часови со семејството;

17. Подзасчистете ги подовите и соберете ги чевлите од пред влезната врата;

18. Раскренете по вечерата и измијте ги садовите.

19. Наместете ја масата за појадок.

dali-imale-pomalku-obvrski-od-nas-spisanie-od-50-tite-detalno-gi-nabrojuva-sekojdnevnite-zadachi-na-domakjinkite-07.jpg

Обврски што се завршуваат еднаш неделно:

1. Полирање на металните елементи во тоалетот;

2. Чистење и дезинфекција на сите уреди во кујната;

3. Чистење и дезинфекција на кутијата за леб, како и на кантите за отпадоци;

4. Менување на свежото цвеќе во вазните;

5. Перење облека (заедно со постелнината);

6. Чистење со правосмукалка и темелно пребришување на подот.

dali-imale-pomalku-obvrski-od-nas-spisanie-od-50-tite-detalno-gi-nabrojuva-sekojdnevnite-zadachi-na-domakjinkite-08.jpg

Што мислите, би можеле ли да ги извршувате овие обврски секој ден, без воопшто да одите на работа? Дали животот на жените во минатото бил полесен или не?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg