„Јас сум експерт за чистење - кои работи во домот се оштетуваат ако ги чистите премногу?“
Дали постои такво нешто како претерано чистење? За некои работи во домот очигледно да! Што можете да оштетите ако претерате со чистење?
Минуваме часови и часови во чистење на нашите домови во текот на животот... Најчесто сме незадоволни дека не ни е доволно чисто, но дали постои и такво нешто како претерување со чистењето?
Според Дани Паликарова, вработена во компанијата за чистење и одржување на хигиена „Fantastic Services“, постои такво нешто. Таа вели дека одредени работи во домот можно е да се оштетат од премногу чистење.
Со кои работи во домот треба да внимавате, според експертот за чистење Дани Паликарова?
Огледало
Некои луѓе грешат со тоа што го чистат огледалото секој ден и на тој начин го оштетуваат. Влажноста од тоалетот во комбинација со средствата го уништуваат огледалото.
Многу е важно редовно да го ветреете тоалетот и кога го чистите огледалото тоа да биде со мека крпа, не почесто од еднаш неделно.
Мебел
Навистина е тешко да не се оштети дрвениот мебел, ако не се чисти внимателно. Сигурно и вие имате изгребани маси или столчиња во вашиот дом.
Од претераното чистење дрвото со текот на времето ја губи бојата и остануваат видливи траги.
Гледајте најчесто да го пребршувате мебелот само со микрофибер крпа која ќе ја тргне прашината, но нема да нанесе никаква штета.
Теписи
Теписите се дизајнирани за да траат многу години, но тоа нема да се случи без соодветна грижа за нив.
Собирањето на нечистотиите со правосмукалка еднаш неделно е во ред, но користење на поагресивни методи, како чистење со пареа, не треба да се прават повеќе од 2 пати годишно.
Некои луѓе за секоја мала флека чистат на овој начин целиот тепих, но тоа не е добра идеја. Високата температура го забрзува стареењето на тепихот.
Украсни прекривки на креветите
Во ред е да ја одржувате хигиената на овие прекривки, но не е во ред да ги третирате како чаршафите за спиење и да ги перете еднаш неделно на пример.
Мора да го прочитате составот на етикетата и да видите која е препораката за одржување, ако не сакате да ви изгледаат избледено и оштетено за многу кусо време.
С. С. | Црнобело