Дамки од мастило, пожолтени нокти – за што можете да ја користите пастата за заби?
Пастата за заби ќе ви помогне да го исчистите сребрениот накит, но и да ги отстраните дамките од мастило на облеката.
Пастата за заби може да ви користи за многу повеќе од орална хигиена. Поради нејзините состојки, таа е одлична за чистење и разни предмети низ домот.
За што сè можете да ја користите пастата за заби?
Одлична е за чистење бели патики
Ако сакате темелно да ги исчистите белите патики, пастата за заби е можеби најдоброто средство, особено за најтврдокорните дамки.
Ставете малку паста на дамките, оставете да отстои 2-5 минути, па истријте ги со четка за заби.
Им го враќа сјајот на ноктите
Ако ноктите ви се пожолтени од лакови, па дури и цигари, пастата за заби ќе ви помогне да ги избелите.
Нанесете тенок слој паста за заби на ноктите, оставете да делува околу 10 минути, па нежно истријте ги со мека четка за заби.
Го чисти сребрениот накит
Со пастата заби можете да го исчистите и полирате сребрениот накит.
Прво намокрете го накитот, ставете паста за заби на него и оставете да делува неколку минути, па отстранете ја со мека крпа. Ако на накитот има темни дамки, можете и нежно да ги истриете со мека четка за заби.
Ги уништува непријатните мириси од термос и пластични садови
Ако термосот и садовите за храна имаат непријатен мирис, можете да ги исчистите со паста за заби.
На сунѓер ставете малку паста и измијте ги со неа.