Дамки од мастило, пожолтени нокти – за што можете да ја користите пастата за заби?
Отстранува дамки од кафе и чај
Жолтите дамки од кафе и чај на белите филџани лесно се отстрануваат со паста за заби.
Ставете малку паста на пожолтените делови, истријте ги со четка за заби, па измијте ги шолјите како вообичаено.
Го спречува замаглувањето на огледалото во бањата
Пастата за заби има состојки кои ја спречуваат кондензацијата на стаклените површини.
Прво исчистете го огледалото со средство за чистење, па на крпа ставете малку паста за заби и избришете го огледалото со неа. Бришете додека пастата не „исчезне“ од огледалото – со ова ќе направите еден вид заштитен слој кој ќе го спречи замаглувањето.
Отстранува непријатни мириси од рацете
Ако сечете лук или кромид или приготвувате риба, лесно можете да се ослободите од непријатниот мирис на дланките со паста за заби.
Сè што треба да направите е да ги измиете рацете со неа и добро да ги исплакнете со вода.
Одлична е за отстранување дамки од мастило
Пастата за заби ефикасно ги отстранува дамките од мастило на облеката.
Ставете поголемо количество паста врз дамката и нежно тријте со четка за заби додека не исчезне. Можете да повторите неколкупати, додека дамката не се исчисти.
Потоа исплакнете го парчето облека и исперете го како вообичаено.
Спирова С. | Црнобело