Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите

Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење на неа, таа не само што е излитена и со сменет облик, туку и полна со прашина и бактерии кои ни хемиско чистење не може да ги исчисти потполно.

zastareni-parchinja-mebel-od-koi-konechno-mora-da-se-oslobodite-01.jpg

Многу луѓе не сакаат да фрлаат работи од дома, дури и кога не им требаат или само фаќаат прашина и зафаќаат простор.

Но, има и такви кои не сакаат да се ослободат од стариот мебел иако го имаат во домот неколку децении и тој буквално почнува да скапува, да се клати и да се распаѓа.

Колку и да сте приврзани за некои предмети, крајно време е да се ослободите од нив и да ги замените со нови, помодерни, а можеби и пофункционални.

Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење на неа, таа не само што е излитена и со сметен облик, туку и полна со прашина и бактерии кои ни хемиско чистење не може да ги исчисти потполно.

Кои 5 застарени парчиња мебел мора да ги фрлите и да ги замените со нови?

Дрвени плакари постари од 50 години

Дали во вашиот дом и понатаму има масивни плакари од дрво од 1980-те години?

Иако се можеби сочувани, имаат многу фиоки, полици и прегради, па во нив можете да сместите буквално сè, навистина е крајно време да се ослободите од нив.

Заменете ги со плакари со едноставен и модерен дизајн, кои можете да ги дизајнирате по сопствен вкус и со димензии со кои целосно ќе го искористите просторот.

А старите, ако веќе не сакате да ги фрлите, а сепак имате простор во подрумот, или гаражата, на пример, можете да ги преместите таму и во нив да складирате сè што ви треба.

zastareni-parchinja-mebel-od-koi-konechno-mora-da-se-oslobodite-02.jpg

Тапацирани каучи од 1990-те и 2000-те

Многу луѓе и денес дома имаат каучи или фотелји купени во 1990-те или 2000-те години. Овој тапациран мебел веќе не делува ни привлечно, а сигурно не се ни удобни како порано.

Затоа заменете ги со двосед или тросед со едноставни или елегантни линии, зависно од просторот во кој треба да го ставите и вашиот вкус.

Изборот на пазарот на мебел е огромен, а и цените не се многу високи (но секако варираат зависно од производителот и типот на производ).

zastareni-parchinja-mebel-od-koi-konechno-mora-da-se-oslobodite-03.jpg

Предмети кои потсетуваат на канцелариски мебел

Некои столчиња кои пред десетина и повеќе години биле модерни како канцелариски мебел, почнаа да се купуваат и за дома. Но, нивниот дизајн е застарен, непривлечен и го нагрдува домот.

Затоа, ослободете се од столчињата кои потсетуваат на канцелариски и заменете ги со модерни фотелји или столчиња со посовремен дизајн.

zastareni-parchinja-mebel-od-koi-konechno-mora-da-se-oslobodite-04.jpg

Комоди за телевизор

Иако се ретки, во некои домови и понатаму може да се најдат комоди или полици за телевизор кои се произведени пред половина век (или повеќе), а кои многу често се покриени со рачно сплетено милје.

Ако и понатаму имате ваква комода  во домот, заменете ја со посовремена верзија, со фиоки.

Или, воопшто не ставајте комода за телевизорот, туку закачете го на ѕидот.

zastareni-parchinja-mebel-od-koi-konechno-mora-da-se-oslobodite-05.jpg

Застарени плакари во кујната

Се сеќавате ли на белите или портокалови кујни излезени како од калап, кои ги имаше во повеќето домови?

Во време кога имало само неколку производители на мебел, производството одело масовно, а изборот на модели се сведувал на 3, тоа било во ред.

Но, денес од кујната можете да направите вистинска мала оаза во која ќе уживате, без оглед на тоа колку е голема или мала.

Секогаш можете да изберете готови елементи или за малку повисока сума, да ви изработат нешто по вкус и по мерка за секој елемент совршено да се вклопи во просторот.

zastareni-parchinja-mebel-od-koi-konechno-mora-da-se-oslobodite-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаш... Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg