Најнечистите предмети од секоја соба во вашиот дом + како да ги одржувате
Далечинскиот управувач? Навлаката на перницата на која спиете? Кои се најнечистите предмети во вашиот дом и колку често треба да ги чистите/перете?
Бејли Карсон е експерт за хигиена, а има и своја компанија за одржување на домаќинства „Angy“.
Таа открива кои места имаат најмногу бактерии во секоја соба од вашиот дом и советува на нив да им обрнете поголемо внимание при чистењето.
Во кујната гнездо на бактерии е сунѓерчето за садови, на него може да има повеќе од 400 видови на бактерии.
Карсон советува да го менувате сунѓерчето на една, две седмици, дури и на око да ви изгледа дека е чисто.
Во дневната соба најнечист е далечинскиот управувач
Советот од Карсон е дека мора да го чистите секој ден или барем на неколку дена со раствор со разреден алкохол.
Во тоалетот килимчето ви е понечисто од тоалетната школка
На него газите по секое туширање и вишокот вода капе, па се создава мувла. Исто така, на него летаат и бактерии од тоалетната шолја кога пуштате вода. Килимчето треба да го перете на неколку месеци за да не се собираат бактерии на него, па дури и почесто.
Во спалната најнечисто нешто е навлаката на вашата перница за спиење
На неа може да се соберат милиони бактерии по само една недела спиење. Треба да ја менувате навлаката најмалку еднаш неделно.
С. С. | Црнобело