10 совети што ќе ви ја сочуваат облеката како нова со години
Има некои парчиња облека кои колку поретко ги перете – толку подобро.
Како да избегнете непотребни трошоци, како да не ви се оштетува облеката после неколку носења и да го носите омиленото парче со години?
1. Избегнувајте да ја перете облеката после секое носење - тоа може да ја избледи, да ја стесни или да ја развлече - зависно од материјалот.
2. Преполовете ја количината на детергент која ја ставате - кога има премногу, една од несаканите работи е детергентот да се задржи на облеката и да ја направи повалкана.
3. Долната облека перете ја заедно со неколку пернички, кои ќе ја апсорбираат крутоста на машината и нема да ги оштети деликатните парчиња.
4. Не ја сушете облеката на директна сончева светлина.
5. Превртете ги фармерките наопаку пред секое перење.
6. Пред да ги спакувате сезонските чевли, наполнете ги со стара хартија, за да не го загубат обликот и да не се прекршуваат.
7. Рачно перете ги џемперите и нежната синтетика, со ладна вода и сапуница, ако сакате да избегнете оштетување.
8. Не ја раздвојувајте при перење облеката која доаѓа во сет. На тој начин сите делови ќе останат идентични по боја и нијанса, дури и да избледат малку со текот на перењето.
9. Не ја преполнувајте машината - ако е преполна, некои алишта нема добро да се исперат, а други може да се оштетат ако се закачат од страните и заглават заради преполнетост.
10. Затворете ги копчињата и патентите пред перење.
М. Д. | Црнобело