Испробани начини: Како да исчистите супер лепак од прстите?
Супер лепакот е одлична прва помош за скршените работи, но залепените прсти никогаш не се добра работа..
Непријатното чувство на затегнатост може да го отстраните на повеќе начини:
- Истријте малку морска сол низ прстите, кои претходно сте ги натопиле во вода. Потоа исплакнете.
- Ставете малку масло на памукче и тријте ја кожата каде ви се истурил лепакот.
- Може да направите и мешавина од сапун, оцет и топла вода. Потопете ги рацете неколку минути и излупете го лепакот.
- Намачкајте малку вазелин, оставете го да отстои 10-тина минути и избришете со пешкир.
- Нанесете малку ацетон на памукче и повторно тријте ја кожата на која ви се истурил лепакот.
- За крај, можеби звучи чудно, но секогаш може да го отстраните грубиот залепен дел со турпија.
М. Д. | Црнобело