Избелување на белите патики со паста за заби - Како да светнат како нови? (видео)
Кога летото ќе тропне на врата, неопходен ви е барем еден пар снежно бели патики кои добро одат и со фустанчињата и со класичните панталони, но и со шорцевите.
Но, лошата страна на белите обувки е што ретко кога остануваат бели подолго од неколку недели.
За да не се мачите со неиспробани средства и да не ризикувате да ги оштетите омилените патики, послужете се со пастата за заби.
Пред третманот, патиките потопете ги во топла вода со малку течен детергент за облека.
Потоа, на неколку места на патиките премачкајте со бела паста за заби. Важно е пастата да нема други бои во составот, за да не направите дополнителни флеки. Чистете со четкичка за заби или некоја поголема, каква и да ви се наоѓа дома.
На гумата на патиките може да истурите прашок и да чистите со четка, па да исплакнете.
Следен чекор е да ги оставите патиките и врвките потопени околу 6 часа во врела вода со прашок за перење и малку избелувач, доколку сметате дека има потреба.
Важно: Во видеото не е напоменато за какви материјали функционира со сигурност овој трик, па сепак бидете внимателни и немојте веднаш да пробате на омилениот пар патики.
Изгледајте го видеото и светнете ги патиките како нови:
https://youtu.be/0_Qk5oEewf4
М. Д. | Црнобело