Направете сами: Домашен еколошки спреј со кој ќе ја светнете валканата рерна
Да признаеме, рерната е еден од оние апарати за домаќинството кое мразиме да ги чистиме.
Сите тие залепени маснотии и ужасни миризби кои понекогаш не излегуваат и покрај упорното „гланцање“.
Имајте превид дека дел од средствата кои ги купувате за оваа намена најчесто се премногу агресивни и го нагризуваат металот, а со тоа го намалуваат и векот на траење на рерната или предизвикуваат побрзо расипување.
Затоа ви предлагаме да подготвите еколошки раствор со производи кои веќе ги имате во домот, а вашата рерна ќе блесне како нова:
- ¼ шолја сјај за садови
- ½ шолја сок од лимон
- 1 шолја оцет
- 1 + ¼ шолја вода
Измешајте ги сите состојки во шише со распрскувач додека добро не се соединат.
Добро испрскајте ја рерната и оставете да делува неколку минути.
Со обично сунѓерче, топла вода и минимален труд ќе ги отстраните сите закоравени мрснотии и непријатниот мирис од вашата рерна која ќе светне.
(О)Милена | Црнобело