Како најдобро и најбезбедно да ги исчистите слушалките за мобилен телефон?

Слушалките за мобилниот ги носиме на пат за накај работа, додека вежбаме, кога слушаме музика во автобус и на многу други места.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-01.jpg

Секојдневно ги користиме, но често забораваме да провериме дали се чисти.

Нечистотијата што се собира на слушалките може да предизвика здравствени проблеми, како на пример иритации на кожата, воспаленија или проблеми со слухот.

Прочитајте како најдобро и најбезбедно да ги чистите слушалките:

1. Чистете ги слушалките со нежно средство за чистење. Можете да измешате благ шампон или сапун за раце и топла вода или сјај за миење садови со топла вода.

2. Натопете еден дел од мека крпа во течноста, но внимавајте да нема премногу сапуница и премногу вода бидејќи со тоа може да се оштетат слушалките.

3. Ако има нечистотии или прашина на металните делови од слушалките, исчистете ги со сува четка за заби. Четката за заби ќе ги исчисти најситните делови што не можат да се исчистат со обична крпа.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-03.jpg

4. Некои слушалки за уши имаат силиконски навлаки кои можат да се скинат или одвојат. Нив перете ги посебно и добро исушете ги.

5. Уште еден начин да ги исчистите слушалките е ако на стапче за уши ставите малку алкохол и со него ги поминете сите делови од слушалките.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-05.jpg

6. Никако не смеете да ги перете слушалките во сад со вода или под млаз вода бидејќи трајно ќе се расипат и нема да функционираат.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...
5 работи во домот што заборавате да ги исчистите (и делувате како неуредна личност) Отпечатоци од прсти на кујнските шкафчиња, валкани чевли во ходникот … Отпеча...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...
Зошто и колку често треба да го чистите филтерот на клима уредот? Чистењето на филтрите во клима уредот е клучна задача што треба внимателно да се...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg