Дали навистина функционираат триковите за чистење или немаат никаков резултат?
Секојдневно сме преплавени со домаќински совети и трикови за чистење на домот. Чистење со лимон, вадење дамки од маснотија со сода бикарбона и што уште не.
Но, дали овие трикови навистина функционираат и дали вреди да ги пробате?
Еве ги резултатите:
Вода со лимон за чистење на микробранова печка
Измешајте 400 ml вода со три лажици лимонов сок во сад што може да се стави во микробранова. Микробрановата печка пуштете ја и оставете да работи 10 минути, со садот ставен внатре.
Резултат: Со ова се отстрануваат само големи дамки од храна, а малите остануваат.
Смеса од хидроген пероксид, сјај за садови и сода бикарбона за чистење на шпоретот
Измешајте ¼ шолја хидроген пероксид, една лажичка сјај за садови и ½ шолја сода бикарбона. Исчистете го шпоретот со сунѓерче. Ако дамките се тврдокорни, оставете смесата да делува 10 минути.
Резултат: Навистина делува. Шпоретот ќе биде сосема чист.
Сода бикарбона и масло за чистење на вратата од рерната
Вратата од рерната исчистете ја со сунџерче и смеса од една лажица масло за јадење со две лажици сода бикарбона.
Резултат: Целосно чисто и сјајно!
Лимон и сол за чистење на мијалникот
На половина исечен лимон ставете сол и поминете ја површината на мијалникот.
Резултат: Чисти темелно и полира.
Лимон за чистење на чешмата
Уште еден трик со половина исечен лимон со кој се поминуваат чешмите.
Резултат: Чешмите се без дамки, како нови.
Сол за отстранување на масни дамки од грил-тавата
Истурете сол на грил-тавата и оставете да делува 15 минути. Потоа, исчистете со жица за чистење.
Резултат: Мрсните дамки се отстрануваат, но истиот ефект се постигнува и со обичен сјај за садови.
Оцет за чистење на тушот
Наполнете една пластична кеса со бел дестилиран оцет и заврзете ја околу тушот. Оставете да делува 20 минути или еден час ако има многу бигор.
Резултат: Одличен трик кој навистина го отстранува бигорот.
Сода бикарбона и оцет за чистење на кадата
Низ кадата истурете 4 лажици сода бикарбона и протријте со сунѓерче. По 10 минути, ставете раствор од 50 грама оцет и 50 грама избелувач. Убаво измијте ја кадата со вода после половина час.
Резултат: Не делува многу. Старите дамки не исчезнуваат.
Вадење на залепена гума за џвакање со мраз
Многумина веруваат дека гумата за џвакање ќе излезе од тепихот ако ставиме мраз.
Резултат: Излегува, но многу тешко и остава дамка на тепихот.
Лимонска киселина за чистење садови
Ставете лимонска киселина во валкан сад и исчистете темелно со сунѓерче и вода.
Резултат: Делува. Садовите ќе бидат чисти и сјајни.
М. В. | Црнобело