Кој е правилниот начин да затоплите пица?
Колку пати ви останале неколку парчиња пица, но не сте можеле да уживате во потполност затоа што никако не можете да и ја вратите првобитната убавина и вкус?
Никој не сака да фрли неколку парчиња пица, посебно кога се толку вкусни. Некои луѓе можат да ја јадат и ладна, но многумина најчесто пробуваат да ја стоплат во микробранова.
Сепак, никој не го сака делот кога долниот дел од пицата станува некако влажен и го губи вкусот. Пицата стоплена во микробранова го губи вкусот и затоа микробрановата е најлош избор за затоплување на пица.
Ако сакате вашата пица да го има истиот вкус, тестото да биде крцкаво а кашкавалот стопен, како сега да е направена, за затоплување треба да користите тава за пржење.
Оваа досега тајна техника на затоплување пред некое време беше објавена на интернет и доби илјадници коментари.
Според инструкциите кои првобитно биле откриени во една пицерија во Бруклин, Њујорк, пицата треба да биде затоплена на ниска до средна температура во тава која не се лепи.
После две минути, кога долниот дел почнува да станува крцкав, треба да се стават две капки вода во тавата подалеку од пицата и да се намали температурата од средна на ниска.
Потоа треба да се стави капак врз тавата и да се остави пицата под пареа една минута. На овој начин, парчето ќе добие влажна крцквост, крцкаво дно и растопен кашкавал. Вака стоплената пица ќе можете да ја јадете со уживање.
А. В. | Црнобело