Ослободете се од лошите кујнски миризби на лесен и природен начин
На сите ни се има случено да готвиме нешто ароматично кое ќе остави интензивен мирис кој се провлекува низ кујната и домот. Мирисот на храна е прекрасен, но кога се вовлекува во секоја можна просторија и во облеката не е ниту малку интересно.
Особено ако ја имате несреќата да го загорите ручекот или да ви претече нешто што варите. За среќа, имаме лесно и евтино решение како да се ослободите од лошите кујнски миризби.
Сé што ви е потребно е еден голем лимон исечкан на тркалца и поголема количина свеж магдонос.
Ставете ги во големо тенџере со обична вода од чешма и оставете ги да се варат на средна температура максимум околу 45 минути.
По 20 минути ќе забележите како непријатните миризби полека се губат, а веќе околу 40-тата минута вашиот дом ќе се исполни со свеж цитрусен мирис.
Пробајте, немате што да загубите освен лошите кујнски миризби.
(О)Милена | Црнобело